Хашкиот Трибунал ја намали казната на Краишник

Хашкиот Трибунал денеска одлучи да му ја намали казната затвор од првичните 27 на 20 години, на поранешниот претседател на Парламентот на босанските срби Момчило Краишник. Делумно усвојувајќи ја жалбата, судот поништи дел од провостепената пресуда според која тој беше осуден на 27 години казна затвор за депортација, прогонување и убиства на не-српско население во Босна и Херцеговина. Краишник беше уапсен на Пале во 2000-та година, а судењето во Хашкиот трубунал против него заврши во 2006-та година.