Четворица полицајци загинаа во Авганистан

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека во заседа поставена од милитантите денеска биле убиени четворица авганистански полицајци. Нападот се случил во јужната провинција Кандахар. Во истата провинција при операција спроведена од американските и авганистанските сили се убиени седуммина милитанти, а тројца биле уапсени.