Поранешни сенатори против поддршката за Украина и Грузија во НАТО

Американскиот претседател Барак Обама би требало да ја прекине поддршката на членството на Грузија и на Украина во НАТО со цел да ги подобри односите со Русија. Ова, како што јавуваат агенциите, се наведува во извештајот, објавен во Вашингтон. Во препораките се додава дека Соединетите држави треба да го прифатат фактот дека ни Украина, ни Грузија не се подготвени за членство во Алијансата, но оти треба да се поддржува зачувувањето на нивниот интегритет. Извештајот го подготвија екс сенаторите демократот Гери Харт и републиканецот Чак Хејгел кои во минатата недела беа примени од рускиот претседател Дмитриј Медведев.