Урнато иранско беспилотно летало над Ирак?

Американските воздухопловни сили во минатиот месец над Ирак урнале иранско беспилотно летало. Американските авиони стрелале врз леталото на сто километри северосточно од Багдад, соопшти вчера претставник на американската команда во Ирак, оценувајќи дека тоа не било случајно. Иран денеска соопшти дека не знаел ништо во врска со овој настан.