Хашки трибунал:конечна пресуда за Краишник

Хашкиот трибунал денеска треба да се произнесе по жалбата на поранешниот претседател на парламентот на босанските срби Момчило Краишник на казната затвор од дваесет и седум години за воени злосторства во Босна. Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ во своето сведочење пред неколку месеци изјави дека Краишник за време на војната во Босна не учествувал во донесувањето одлуки на раководството на босанските срби.