Преговори Србија- ММФ за заем од 3 милијарди долари

Србија планира да побара заем од Меѓународниот монетарен фонд во износ од три милијарди долари, соопшти министерот за економија Млаѓан Динкиќ. Сумата побарана од Динкиќ неколкупати ја надминува висината на веќе одобрениот кредит од ММФ од 520 милиони долари. Се очекува преговорите меѓу Србија и ММФ, што се водат зад затворени врати, да траат две недели.