Поранешни ветерани на нацистичките дивизии на собир во Рига

Околу триста латвијци, кои за време на Втората Светска Војна им припаѓале на нацистичките СС дивизии, присуствуваа на денешниот собир во Рига, и покрај забраната за оддржување на демонстрациите од страна на властите во Латвија. Собирот се оддржа под зголемени мерки на безбедност, и нема извештаи за евентуални нереди. Ветераните кои што се бореа на страната на Нацистичка Германија, велат дека едноставно се бореле за нивна слобода, односно против советските закани. Етничките руси силно се спротивставуваат на ваквите собири.