Тадиќ бара безбедност на Косово

Претседателот на Србија Борис Тадиќ ги повика денеска претставниците на мисијата на Обединетите Нации и Еулекс, да воспостават владеење на правото и да обезбедат мирен живот за сите жители на Косово. Неговата порака доаѓа во пресрет на утрешното одбележување на пет годишнината од нередите на Косово, што се случија на 17-ти март 2004 година. Според Тадиќ пет години од овие настани, во земјата сеуште нема безбедност. Тој потсетува дека 19 лица загинале, а повеќе од 4 500-тини срби биле протерани од Косово за време на мартовските насилства.