Министрите на ЕУ расправаат за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на денешниот состанок во Брисел ја разгледуваат соработката на земјите од Западен Балкан со Унијата. Како што се јавува министрите особено ќе го разгледаат ангажманот на ЕУ во Босна и Херцеговина, а ќе го поздрават и именувањето на нов меѓународен претставник во оваа земја. На состанокот ќе се разгледува и евентуалното прифаќање на апликацијата на Црна Гора за добивање на кандидатски статус за членство во Унијата.