Напад врз полициски станици во Авганистан

Најмалку 11 лица, главно полицајци, загинале, а 25-мина биле повредени во бомбашки напад врз полициска станица во провинцијата Хелманд, во јужен Авганистан. Нападот го извршил бомбаш самоубиец, облечен во полициска униформа. И во соседната провинција Фара била нападната полициска станива, при што еден полицаец загинал, а тројца биле повредени.