Протести во Тбилиси

Повеќе од две илјади грузијци протестираа денеска во главниот град на земјата Тбилиси, барајќи оставка од претседателот Михаел Саакашвили. Опозицијата во Грузија најави серија протести, доколку претседателот Саакшвили доброволно не си поднесе оставка. Многу грузијци го поддржува својот претседател во текот на конфликтот со Русија, во август минатата година, но сега го обвинуваат за недемократско владеење и лошо водење на војната околу сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија.