ОПЕК – До мај задржување на нивото на производство на нафта

Министрите од земјите членки на ОПЕК на денешниот состанок во Виена се договорија да го задржат сегашното ниво на производство на нафта, до мај. Како што е соопштено, членките на ОПЕК повторно ќе се сретнат на 28 мај во Виена, за да ја разгледаат ситуацијата на пазарот. Во септември минатата година во рамки на ОПЕК беше постигна договор за намалување на производствената квота за 4,2 милиони барели дневно.