Убиени четири лица во Мајами

Вооружено лице убило четири луѓе во Мајами, по што извршил самоубиство, соопшти полицијата. Меѓу убиените се три жени и еден маж. Според полицијата најверојатно станува збор за семејно насилство. Неодамна сопругата го напуштила, но тој за жал ја пронашол, изјави претставник на полицијата во Мајами не откривајќи повеќе детали бидејќи истрагата е во тек. Минатата недела во Алабама маж уби десет лица, меѓу кои и членови на неговото семејство, пред да си го одземе сопствениот живот.