Убиени петмина милитанти во јужен Авганистан

Петмина милитанти се убиени во операција изведена од авганистанските безбедносни сили и американските трупи во јужната провинција Кандахар. Како што се јавува, цел на операцијата била спречување на мрежа, која пренесувала оружје и им пружала помош на странски милитанти.