Брајза – Повик да се избегнуваат насилства на протестите во Грузија

Американскиот дипломат Метју Брајза ги повика сите страни кои ја сочинуваат политичката сцена во Грузија да избегнуваат насилства за време на протестите кои за следниот месец се најавени во земјата. Имено, грузиската опозиција ги повика повика симпатизерите да се придружат на протестите на почетокот од наредниот месец против претседателот Михаел Саакашвили. По состанокот со грузиските власти, како и со претставниците на опозицијата Брајза оцени дека секој во Грузија има право на протести, но оти насилствата се ,,непријател на демократијата.“