Девет руски туристи загинаа во Виетнам

Според извештаите од Виетнам, најмалку 9 руски туристи загинале во автобуска несреќа. Нерсеќата се случила синоќа на патот од Далат до крајбрежниот град Муи Не кога најверојатно возачот ја загубил контролата на планинскиот пат. Во несреќата загинала и една виетнамка а се повредени 14 лица.