Во Македонија акција за садење дрва

Под мотото „Ние два милиони, станавме светски зелен бренд - излези засади и инспирирај ги останатите шест милјарди“ денеска во 30 општини во Македонија ќе бидат засадени пет милиони нови садници во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина!“. Два милиони садници ќе можат да ги засадат граѓаните, а останатите три милиони ќе бидат во семе и ќе ги посеат вработените во Јавното претпријатие „Македонски шуми“.