Ицко именуван за нов меѓународен претставник во БиХ

Австрискиот дипломат Валентин Инцко денеска и официјално е назначен за нов меѓународен администратор во Босна и Херцеговина. Наименувањето беше направено во Сараево на состанокот на Советот за имплементација на мирот, тело кое го контролира спроведувањето на мировниот договор во Босна од илјада деветстотини деведесет и петтата година. Инцко ќе ја преземе функцијата кон крајот на месецов.