Луговој за градоначалник на Сочи?

Андреј Луговој, кој беше осомничен за убиството на критичарот на Кремљ, Александар Литвиненко, најверојатно ќе биде кандидиран за градоначалник на Сочи. Руските медиуми јавија дека Луговој ќе биде кандидат на Либерално Демократската Партија. Британските истражни органи го посочија Луговој, поранешен припадник на КГБ, како главен осомничен за труењето на Литвиненко во 2006-та година, но Русија одби да го испорача.