Спречен терористички напад во Амстердам

Холандската полиција уапсила 7 лица, осомничени дека планирале терористички напад во Амстердам. Властите соопштија дека станува збор за холандски државјани со мароканско потекло, а апсењата уследиле откако добиле телефонски повик од Белгија дека се подготвува бомбашки напад во Амстердам.