Схефер сака нова стратегија за НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер говорејќи во рамки денешното одбележување на десет годишнината од проширувањето на НАТО, со Унгарија, Чешка и Полска изјави дека вратите на Алијансата остануваат отворени за нови членки. Схефер посочи и дека НАТО има потреба од нова стратегија за справување со предизвиците со кои се соочува во моментот, а тоа се мисијата во Авганистан, односите со Русија, новите закани како интернет криминалот, енергетската безбедност и други.