Русија сака натамошно користење на радарот во Азербеџан

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, при денешната посета на Азербеџан, изјави дека Русија би сакала да продолжи со користењето на воениот радар во оваа земја, изграден во времето на Советскиот Сојуз, по истекот на сегашниот договор во 2012-та година. Тој исто така изјави дека предлогот на Русија до Соединетите Држави, и тие да се придружат во користењето на радарот за набљудување на евентуални ракетни закани, ,,останува на маса“.