Киднапирани хуманитарци во Дарфур

Пет хуманитарци на Доктори без граници, се киднапирани во суданскиот регионон Дарфур. Станува збор за италијанец, французин, канаѓанец и двајца локални работници. Засега нема детали. Киднапирањата доаѓаат по ескалацијата на ситуацијата поврзана со барањата за апсење на суданскиот претседател Омар ал Башир обвинет за воен криминал во Дарфур.