Ќе препорача ли Европскиот Парламент датум за преговори со ЕУ?

Европскиот парламент денеска треба да гласа за Извештајот за напредокот на Република Македонија во кој би требало да има препораки почеток на преговорите со Европската Унија до крајот на годинава и што побрзо симнување на шенгенската визна бариера за македонските граѓани. Како што се јавува, отворено е прашањето дали Европскиот Парламент, како што стои во предлогот на известувачот Ерик Мејер ќе упати повик повик до Грција да не го користи ветото како инструмент за спречување на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ или ќе прифати поопшта одредба со која се препорачува билатералните проблеми да не го кочат процесот на пристапување на земјите во евро и евроатлантските организации. Извештајот на Европскиот парламент нема обврзувачки карактер.