Олеснување на американските санкции спрема Куба

Американскиот сенат одобри продажба на лекови за Куба и ги олесни условите за патување на Американците во оваа земја. Кубанските власти во иднина ќе може да увезуваат храна и лекови без претходна уплата. Со законот, кој наскоро треба да го потпише и американскиот претседател Барак Обама, сепак, не се укинува американското ембарго кон Куба воведено во 1962 година.