Рикер – Досегашниот тек на изборната кампања е позитивен

Досегашниот тек на водењето на изборната кампања од страна на политичките партии е позитивен и во целост се согласува со извештајот на ОБСЕ, Македонија да води кампања на фер и демократски начин, изјави денеска американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер. При посетата на Велес, во рамки на неговите средби со кандидатите за изборите и општинските изборни комисии, Рикер порача дека претстојните избори се важни за натамошната евроатлантска интеграција на земјата.