Тибет - 50-годишнина од востанието

Далај Лама, духовниот лидер на Тибет, ја обвини Кина за смртта на стотици илјади тибетанци и за уништување на нивниот идентитет и култура. Зборувајки на 50-годишнината од задушеното востание против кинеското владеење, Далај Лама оцени дека и покрај тортурите, затворањата и бруталноста, тибетанскиот дух никогаш не згаснал. Тој уште еднаш побара автономија за Тибет. Кинеските власти распоредија безбедносни сили низ Тибет заради денешната годишнина.