Бомбашки напад во Шри Ланка

Најмалку 10 лица загинале во самоубиствен бомбашки напад во близина на една џамија во Шри Ланка, соопшти полицијата. До нападот дошло во време кога неколку владини министри пристигнале на религиозен фестивал, а меѓу 20-те повредени е и еден министер.