Помош од ЕУ за Албанија

Европската Унија ќе додели 3 милиони евра помош за санирање на штетите што настанаа во минатата година по серијата експлозии во еден магацин за оружје недалеку од Тирана. Во несреќата тогаш загинаа 26 лица. Од канцеларијата на Европската Унија во Албанија соопштија дека парите ќе бидат искористени за обнова на инфраструктурата, реновирање на училиштата и снабдување со вода.