Јапонија ќе му подари 300 милиони долари на Авганистан

Јапонската влада ќе обезбеди 124 милиони долари за платите на 80 000 авганистански полицајци за следните шест месеци, договорено е во Вашингтон. Парите кои ќе бидат доделени се дел од пакетот вреден 300 милиони долари кој јапонската влада ќе го подари како помош на Авганистан. Остатокот од парите ќе биде доделен за помош на клиниките, училиштата и наставниците во таа земја.