Претседателот на Пакистан во посета на Иран

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари денеска ќе го посети Иран. За време на дводневниот престој тој ќе разговара со иранскиот државен врв, а тема на дискусиите ќе биде Авганистан и начините да се подобрат економските односи со таа земја. Како што е најавено, Зардари ќе разговара и со неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад околу проектот за изградба на гасовод, кој ќе пренесува гас од Иран до Пакистан и Индија.