Хрватска ќе прифати медијација за спорот со Словенија

Хрватскиот премиер Иво Санадер потврди дека Загреб ќе ја прифати иницијативата на Европската Комисија за медијаторство во решавањето на граничниот спор со Словенија. Санадер сепак додаде дека главна цел на Европската Комисија треба да биде да им се помогне на двете земји за соочувањето пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Министерот за надворешни работи на Словенија Самуел Жбогар, ја поздрави одлуката на Хрватска.