Експлозии во Чингаи каде што живеат многу тибетанци

Два полициски автомобили се оштетени во експлозии изутрината во западната кинеска провинција Чингаи во која живеат голем број тибетанци, јавија кинеските медиуми. Официјалнио не се знае причината за екслпозијата, но пред тоа имаше судири меѓу неколку луѓе и силите за безбедност кога полицијата се обидела да провери камион натоварен со дрва.