Самоубиствен бомбашки напад во Багдад - 28 загинати

Дваесет и осум лица се убиени а уште десетици се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Багдад. Цел на напаѓачот била полициската академија во градот, а експлозијата се случила откако полицајците се собрале пред оваа зграда.