Приведени 46 кинески државјани во Украина

Полицијата во Украина привела 46 кинески државјани, кои се обидувале преку украинска територија да влезат во некоја од земјите на Европската Унија. Како што соопшти украинското министерство за внатрешни работи, мигрантите биле уапсени во близина на Киев.