Хашим Тачи подготвен за средба со Борис Тадиќ во Приштина

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека е подготвен да разговара со претседателот на Србија Борис Тадиќ во Приштина, доколку српскиот претседател сака да ги посети косовските институции. Според Тачи, тоа би било најправедна одлука која би можел да ја донесе Тадиќ за мирот и стабилноста во регионот, за Србија, за Косово и за подобра иднина на сите.