Солана – Балканот е институционално поврзан со ЕУ и НАТО

Високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана изјави дека Балканот денеска е сосема поинаков регион и е на добар пат за интегрирање во Европската Унија и НАТО. Во интервју за чешката национална телевизија, Солана рече дека повеќето земји од Балканот институционално се поврзани со ЕУ и НАТО. „Тие земји навистина се вклучуваат во институциите и со нас се. Мислам дека за некое одредено време, нашите балкански пријатели ќе се приближат уште повеќе“, изјави Солана.