Во Пакистан ослободени 12 про-талибански милитанти

Пакистански претставници соопштија дека ослободиле дванаесет про-талибански милитанти со цел ,,зајакнување“ на договорот, што минатиот месец беше постигнат со исламистите од немирниот северозападен пакистански регион. Еден од претставниците на регионот Сват Сајед Мухамед Џавед, изјави дека станува збор за гест на добра воља.