Најмалку 28 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Багдад

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Багдад. Како што соопшти ирачката полиција, бомбашот самоубиец ја активирал бомбата пред влезот на една полициска академија во градот, пред која биле собрани повеќе регрути и полициски офицери.