Обама ,,отворен“ за помирување со умерените талибанци во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама ја отвара ,,вратата“ за помирувачки процес, во кој американската армија би се приближила до умерените елементи меѓу талибанците во Авганистан. Во интервју објавено на интернет страницата на весникот ,,Њујорк Тајмс“ Обама нагласува дека успехот на американската стратегија во Ирак се должи токму на контактот, односно донесувањето на некои сунитски ирачки бунтовници на преговарачка маса и нивно напуштање на Ал Каеда. Американскиот претседател посочува и дека ситуацијата во Авганистан е многу посложена од онаа во Ирак.