13 лица загинаа во денешните напади во северозападен Пакистан

Најмалку 13 лица загинаа во денешните напади во северозападен Пакистан. Во првиот напад извршен со автомобил бомба во градот Пешевар, загинале 11 лица, повеќето полицајци и војници. Бомбата експлодирала во моментот додека безбедносните служби го прегледувале автомобилот, по повик дека во него има мртов човек. Вториот напад го извршил бомбаш самоубиец во една џамија во областа Кибер, убивајќи три лица, додека неколкумина се повредени.