Медведев- И покрај финансиската криза, Русија мора да напредува

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека финансиската криза се одразува врз неговите планови, но оти Русија мора да продолжи да се движи напред. Во пораката по повод годишнината од преземањето на претседателската функција, Медведев рече дека финансиската криза го одложува неговиот план за прераснување на Москва во меѓународен финансиски центар, но оти Русија ќе продолжи со реализацијата на останатите амбициозни планови.