Седум полицајци загинаа во северо-западен Пакистан

Полицијата во Пакистан соопшти дека најмалку 7 припадници на безбедносните сили загинале во напад со автомобил бомба во северо-западен Пакистан, недалеку од авганистанската граница. Како што се јавува, автомобилот експлодирал кога полицијата го проверувала по повик дека внатре има мртов човек. Во овој регион е голема активноста на про талибанските милитанти.