Европратеникот Мејер во Скопје: Уште многу време до ЕУ

Европскиот парламент ќе го разгледа Извештајот за Македонија во следната недела и сигурен сум дека повеќето пратеници ќе поддржат што побргу започнување на преговорите за приклучување на државата во Европската унија. Ова изјави европралементарецот и автор на Извештајот Ерик Мејер пред почетокот на Форумот „Европски културен дијалог“ што се одржува во Скопје. Преговорите треба да почнат што поскоро, но ќе треба време, до 2017 или 2018, за Македонија да стане дел од Унијата. Во меѓувреме, треба да се решат проблемите, особено со соседот Грција,, рече Мејер.