Дополнителни сили поради тензии на Тибет

На Тибет растат тензиите пред одбележувањето на 50 годишнината од неуспешното востание против кинеската власт на 10 Март 1959 година. Како што јавуваат медиумите, властите стравувајки од немири од приврзаниците на Далај Лама побарале распоредување дополнителни безбедносни сили.