Светската Банка одобри кредит за Србија

Светската банка и одобри кредит на Србија од 34,9 милиони долари за зголемување на економскиот раст на земјата. Во соопштението се наведува дека заемот е доделен за поддршка на реформите и подобрување на деловната клима, со цел да се охрабри отворањето на нови компании и да се привлечат директни странски инвестиции.