Киргистан ги протерува сите сојузнички војници од базата Манас

Парламентот на Киргистан денеска гласаше за протерување на војниците од преостаните американски сојузници во воената база Манас, главен пункт за снабдување на сојузничките сили во Авганистан. Пратениците едногласно се изјаснија за откажување на договорите со повеќе држави кои ја користеа таа база. Киргистан во минатиот месец ги протера американските војници од Манас.