Словенечкиот премиер Пахор во Белград

Премиерот на Словенија Борут Пахор престојува во еднодневна посета на Србија. Тој покрај средбите со неговиот домаќин премиерот Мирко Цветковиќ и со шефот на државата Борис Тадиќ ќе учествува на српско словенечкиот бизнис форум. Се очекува на средбите посебен акцент да биде ставен врз билатералните односи кои беа нарушени откако Љубљана ја призна независноста на Косово.