Експлозија на бомба во Атина, еден повреден

Грчки бизнисмен денеска бил потешко повреден во експлозија на бомба во атинското предградие Вули, јавуваат агенциите. Полицијата соопшти дека бомбата била поставена под автомобилот на повредениот чиј идентитет се уште не е објавен. Мотивите за овој бомбашки напад засега не се познати.