Рекорден пад на индексите на американските берзи

Индексите на американските берзи го доживеаја најголемиот пад во последниве 12 години, поради загриженоста за стабилноста на банкарскиот сектор, како и сомненијата за банкрот на еден од најголемите автопроизводители „Џенерал Моторс“. Цената на акциите на „Ситибанк“ падна под 1 американски долар и покрај тоа што банката доби владина финансиска поддршка.